Тутинскиот комибинат од Прилеп минатата година ја заврши со загуба од над 350 милиони денари. Акционерите на Собранието во петокот, конечно, ја усвоија завршната сметка за 2010 година, што е резултат на финансиското работење на раководната гарнитура на чело со ексдиректорот Жарко Христоски. Се направија и одредени смени во врвот на управата. Акционерите ја прифатија и оставката на неизвршниот директор Горан Кузески, а беше разрешен и неизвршен член на Бордот, Кети Благоеска. Си замина и Ристо Новачевски од функцијата извршен директор, зашто му заврши мандатот, а кој беше ангажиран од Скопје. Поради ваквите структурни промени, планираната седница на Бордот директори не се одржа, зашто од седуммина членови, моментно на функција остануваат само четворица. Освен генералниот директор Александар Дерменџиев, во раководната структура е и извршниот директор Дејан Лашкоски и двајца неизвршни, Славко Петров и Лазар Трајчев.
Тутинскиот комибинат од Прилеп минатата година ја заврши со загуба од над 350 милиони денари.
Акционерите на Собранието во петокот, конечно, ја усвоија завршната сметка за 2010 година, што е резултат на финансиското работење на раководната гарнитура на чело со ексдиректорот Жарко Христоски.
Се направија и одредени смени во врвот на управата. Акционерите ја прифатија и оставката на неизвршниот директор Горан Кузески, а беше разрешен и неизвршен член на Бордот, Кети Благоеска. Си замина и Ристо Новачевски од функцијата извршен директор, зашто му заврши мандатот, а кој беше ангажиран од Скопје.
Поради ваквите структурни промени, планираната седница на Бордот директори не се одржа, зашто од седуммина членови, моментно на функција остануваат само четворица. Освен генералниот директор Александар Дерменџиев, во раководната структура е и извршниот директор Дејан Лашкоски и двајца неизвршни, Славко Петров и Лазар Трајчев.
Нема официјални информации од Тутунскиот комбинат. И ова раководство, како и претходните ги затвори вратите за медиумите. Но, акционерите коментираат дека според Статутот на компанијата, треба да се закаже ново Собрание за да се назначат нови членови на Бордот.
Имајќи го предвид фактот што Тутунски комбинат речиси 80 отсто е во државна сопственост, јасно е дека новите членови на Бордот кои треба да ги пополнат празните места ќе ги именува државата.
Акционерите очекуваат новото раководство да го подобри финансиското работење и оваа компанија која е во редот на загубарите, конечно, да стане атрактивна за стратегиски партнер.
Генералниот директор Дерменџиев на првиот ден на откупот прв пат од неговото именување даде изјава за медиумите. „Пред неколку месеци е потпишан договор за лиценцно производство на два кинески бренда со една од најголемите кинески групации ’Хонге-Хонге‘. Првите количини од 200 тони ќе бидат извозени деновиве за кинескиот пазар. Очекуваме тројно зголемување на производството“, изјави Дерменџиев.
Моменталната искористеност на Комбинатот е 20 отсто, или 60 тони месечно производство. Пред една деценија, во добрите времиња, во оваа компанија месечно се произведуваа и по 800 тони, а најголем дел од нив се извозуваа на пазарите во Косово и во Босна.